5 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗFord Focus е најпродаваниот модел во светот за 2013-та

Ford Focus е најпродаваниот модел во светот за 2013-та

ford focus prodazba2

Анализата која ја спроведе „Ford“ врз база на најновите податоци на агенцијата „Polk“ за продажбата на автомобили покажа дека „Focus“ со 1.097.618 испорачани единици е најпродаваниот модел во светот за 2013-та година.

„Ford“ успеа да ја зголеми продажбата на својот најбаран модел за 8,1% во однос на 2012-та година, кога на пазарите ширум светот пласираа 1.014.965 примероци од овој автомобил.

Ваквиот продажен резултат е постигнат пред се благодарејќи на бројот на испораки во Кина, каде во текот на 2013-та година се продадени дури 403.219 примероци. На тој начин остварен е раст на продажбата од 50 проценти во споредба со 2012-та кога на купувачите на кинескиот пазар им беа испорачани 268.354 „Focus“ возила.

„Ford“ очекува дека и во 2014-та ќе го повторат успехот од претходната година со оглед на тоа дека на купувачите неодамна им беше претставен редизајнираниот „Focus“.

„Focus“ според податоците на агенцијата „Polk“ бил најпродаваниот модел на светот и во 2012-та, но „Toyota“ го оспоруваше тој резултат. Јапонскиот производител тврдеше дека тогаш најпродаван модел бил „Corolla“ и дека „Polk“ во своите податоци за 2012-та не вклучиле 300.000 примероци од тој автомобил.

Контроверзиите продолжија и околу резултатот во првата половина од 2013-та, па останува да се види дали „Toyota“ и овој пат ќе има забелешка на резултатите на „Polk“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП