19 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИiDrive нуди 100GB простор за Android корисниците за цена од 99 центи...

iDrive нуди 100GB простор за Android корисниците за цена од 99 центи годишно

idrive_cloud

Во последните неколку недели се води жестока битка на пазарот на „cloud“ решенија, со оглед дека и „Microsoft“ и „Google“ ги обновија своите понуди.

Меѓутоа, „iDrive“ би можел многу да ги наруши нивните планови со нивната исклучително поволна понуда. „iDrive“ нуди 100GB простор за складирање за „Android“ корисниците по цена од 99 центи годишно.

„Android“ корисниците ќе имаат 50GB простор за складирање на фотографии, видео клипови, апликации, контакти и слични работи кои инаку ги чуваат на картичката или меморијата на телефонот, додека дополнителните 50GB ќе служат за синхронизација со други мобилни уреди.

Оваа можност сега е додадена благодарејќи на опцијата „Sync“, која веќе сега може да се активира.

„iDrive“ користи 256-битна „AES“ енкрипција за заштита, а некои клучеви можат да се додадат за дополнителна заштита. Со превземањето и инсталирањето на апликацијата добивате простор од 5.5GB, а доколку сакате дополнителен простор со плаќање на 99 центи годишно ќе добиете 100GB.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП