10 јули, 2025
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИ,,Авира премиум“ апликација за Андроид апарати

,,Авира премиум“ апликација за Андроид апарати

Avira-Free-Android-Security

Поради растот на пазарот на мобилните телефони и потребата за безбедност поради се поголемото користење на мобилни апарати, експертот за безбедност, компанијата „Авира“ соопшти дека на својата нова премиум апликација „Авира Антивирус Секјурити про“ и додала три нови функции.

Апликацијата е достапна за сите сопственици на Андроид смартфони и таблети.

„Авира Андроид Секјурити“ автоматски го скенира мобилниот апарат и бара вируси, „тројанци“ и други злонамерни програми. Корисниците, исто така, можат да ги блокираат повиците или пораките на одредени контакти.

Покрај тоа, корисниците можат да се пријават на my.avira.com и од далеку да го лоцираат својот апарат на мапата (со помош на ГПС, ви-фи или мобилен сигнал) или да активираат „аларм“ доколку исчезне (дури и ако звукот е исклучен), а исто така од далеку можат да заклучат или избришат содржина на апаратот, доколку е украден.

„Авира Андроид Секјурити“ апликацијата ја поддржува било кој смартфон што има оперативен систем Андроид 2.2 или повисок или таблет со минимална верзија Андроид 4.0.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар