3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСовети кои би можеле да спасат живот при возење

Совети кои би можеле да спасат живот при возење

driving-car

Статистичките податоци говорат дека денеска најголема е веројатноста да го загубите животот додека управувате со автомобил или некој да ве удри. И покрај напредокот на технологијата, човечкиот фактор и натаму преовладува во управувањето со возилото, па грешките се неизбежни.

Претпазливоста над управувачот е предуслов за безбедно возење, но потребно е да се направи повеќе од тоа за да се заштитите себеси и другите учесници во сообраќајот. Еве неколку совети кои можат да ви помогнат.

Мртов агол:

Еден од најголемите кошмари се нарекува „мртов агол“. Тоа е простор кој е невидлив преку страничните ретровизори и често се споменува како причина за сообраќајни незгоди.

Новите модели се опремени со современи системи кои возачот го предупредуваат дека друго возило се наоѓа во неговиот „мртов агол“. Поради тоа што мал број на возила ги имаат овие системи, ви преостанува да ги користите класичните ретровизори, односно правилно да ги наместите. Важно е тие да бидат наместени така што нема да ги гледате деловите од вашиот автомобил, затоа што така се избегнува преклопување на сликата која ја гледате на внатрешниот ретровизор. На тој начин, барем на еден од двата ретровизори ќе го видите возилото кое доаѓа од страната.

Сообраќајни знаци:

Се почесто можат да се слушнат изговори дека некој го загубил погледот од патот, поради тоа што ги следел сообраќајните знаци, кои му го одвлекле вниманието. Поради тоа потребно е повеќе да внимавате на патот, отколку на знаците.

Често на раскрсниците има многу сообраќајни знаци, но и трепкачко жолто светло, па така повеќето возачи ја намалуваат брзината со цел безбедно да преминат низ раскрсницата.

За жал има и такви кои слепо ги „слушаат“ знаците и не посветуваат внимание на другите возила. Поради тоа, вниманието секогаш мора да биде присутно без оглед кој има предност на поминување.

Музика:

За време на возењето важно е да останете фокусирани на сообраќајот. Музиката често не следи за време на возењето. Истражувањата покажаа дека јачината и видот на музика влијаат на квалитетот на возењето. Тестовите покажаа дка возачите кои слушаат музика, однадвор изгледаат смирено, но всушност е сосема различно.

Тие делуваат смирено поради музиката која ја слушаат, но во сообраќајот не се доволно фокусирани на патот пред себе. Воедно, возачите кои слушаат музика со многу ритам (електронска музика) имаат поголеми шанси поради тоа да направат сериозен сообраќаен прекршок од оние на кои радиото им е исклучено.

Светла:

Кај нас вклучените светла се задолжителни и тоа, според експертите, е вистински начин за избегнување на незгода, затоа што другите возачи во секое време можат да ве забележат. Поради тоа многу е мала веројатноста дека другите возачи ќе тргнат во ризично претекнување доколку во далечината ги види вашите фарови од возилото.

Воедно и преморените возачи пред се ќе ги забележат возилата со вклучени светла, отколку оние со исклучени. Светлата се особено важни за моторџиите на кои ваквото однесување може да им го спаси животот.

Рачна сопирачка:

Добро проверете дали вашата рачна сопирачка е во добра работна состојба. Таа претставува алтернативен начин за сопирање и многу е важно почесто да ја користите, односно за време на паркирање со цел нејзината сајла да не кородира, што тоа се случува кога ретко се користи.

Пукање на гума:

Една од најголемите опасности е при голема брзина да ви пукне гумата. Повеќето возачи инстиктивно притискаат на сопирачката, но тоа може да доведе до трагични последици. Доколку дојде до сопирање со таква гума, лесно може да се случи да изгубите контрола над возилото. Често доаѓа и до превртување. Иако звучи парадоксално, во тие моменти потребно е да се додаде гас (но само на кратко) за да се задржи контролата над возилото и да се осигура правецот на движење. Потоа постепено намалувајте ја брзината и безбедно застанете покрај патот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП