21 февруари, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАтлетико ја елиминира Барселона, Баерн сигурен против Манчестер

Атлетико ја елиминира Барселона, Баерн сигурен против Манчестер

roben

Две екипи од Мадрид се најдоа меѓу четирите најдобри во фудбалската Лига на шампиони, откако синоќа Атлетико ја исфрли Барселона во шпанската четвртфинална пресметка.

Атлетико Мадрид победи со 1:0 со голот на Коке постигнат уште во 5.минута и по нерешените 1:1 на теренот на католонскиот клуб, му се придружи во полуфиналето на градскиот ривал Реал Мадрид.

По раното водство „јорганџиите“ имаа уште неколку убави шанси за погодок, а трипати ја погодуваа и рамката на голот на Барселона.

Покрај клубовите од Мадрид и лондонски Челзи, во полуфиналната фаза се пласира и европскиот првак Баерн Минхен кој иако синоќа губеше со 1:0, сепак на крајот со сигурни 3:1 го победи Манчестер Јунајтед.

Головите за домаќинот ги постигнаа Марио Манџукиќ, Томас Милер и Арјан Робен, во периодот од 59 до 76 минута. Голот за Јунајтед беше дело на Патрис Евра во 58.минута.

Баерн доминираше во текот на целиот натпревар и во целост ја имаше контролата на играта. На првиот дуел во Манчестер беше 1:1.

Жрепката за полуфиналето ќе се одржи утре на пладне во седиштето на УЕФА во Нион, Швајцарија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП