10 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИNokia 225 телефон по цена од 40 евра

Nokia 225 телефон по цена од 40 евра

nokia-225

„Nokia“ денеска го претстави телефонот „225“ кој ја користи платформата „Series 30+“, кој заедно со својата верзија со две „SIM“ картички ќе се најде во продажба за три месеци и тоа по цена од 40 евра.

Овој телефон е со 2.8 инчен екран со „QVGA“ резолуција и тој е еден од најтенките такви телефони на „Nokiа“ со дебелина од 10,4 mm и тежина од 100 грама. Тој доаѓа со однапред инсталиран „Nokia Xpress Browser“, a тука се и „Facebook“, „Twitter“ и „Bing“.

Од останатите карактеристики, тука е „microSD“ слотот со поддршка за картички до 32 GB, камера од 2 мегапиксели, „FM“ радио, како и „Bluetooth 3.0“. Телефонот нуди значително траење на батеријата, 36 дена во мирување, односно 21 час разговор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП