24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBMW ја потврди доминацијата

BMW ја потврди доминацијата

grupacija bmw 1

Групацијата која ја сочинуваат автомобилските марки „BMW“, „MINI“ и „Rolls-Royce“ за прв пат во својата историја продаде повеќе од 200.000 возила во еден месец.

На купувачите ширум светот во март им беа испорачани 212.908 автомобили, што претставува раст од 11.3 проценти во споредба со истиот месец во 2013-та година. Продажбата на групацијата „BMW“ е зголемена и кога се пресметуваат и резултатите за првиот квартал во 2014-та.

Во првите три месеци од оваа година продадени се 487.024 возила, што е за 8.7% повеќе отколку во истиот период од 2013-та.

За вака добриот резултат најзаслужен е токму брендот „BMW“. Во март на светските пазари продадени се исто така рекордни 186.126 „BMW“ автомобили или 16,9 проценти повеќе од истиот месец од 2013-та.

Растот на испораката е значаен и на тримесечно ниво, кога испорачани се 428.259 возила. Што претставува раст од 12,3 %.

Во првите три месеци од 2014-та година добро се продаваа возилата од серијата „Х“ и тоа „BMW X1“ со 43.262 примероци и BMW X3 со 40.115 единици. Стандардно добра побарувачка владееше за „BMW Serieѕ 3“ за кого во првиот квартал се одлучиле 116.671 купувачи.

Пораст во продажбата забележа и „Seriеѕ 5“ со 91.600 испорачани возила.

grupacija bmw 2

За разлика од брендот „BMW“, „MINI“ забележа пад во продажбата, предизвикан пред се од смената на генерацијата на „MINI“ хечбекот.

Во првите три месеци од 2014-та година продадени се 57.868 „MINI“ возила, што е за 12,5 проценти помалку од истиот преиод во 2013-та. Помала испорака, и тоа за 16,9% е забележана во март месец, кога се продадени 26.382 aвтомобили.

grupacija bmw 3

Од друга страна, „Rolls-Royce“, кој во 2013-та се врати на лидерската позиција во категоријата на суперлуксузни автомобили, продолжи со успесите и во 2014-та.

Продажбата во првиот квартал, кога се испорачани 897 автомобили, пораснала дури и за 39,7%. Ваквиот резултат е последица на растот на побарувачката на возилата „Phantom“ и „Ghost“, a особено за најновиот модел, „Wraith“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП