
Францускиот производител на автомобили Цитроен претстави нова модерна луксузна лимузина од серијата ДС со ознака 5ЛС Р, исклучиво наменета за кинескиот пазар.


Францускиот производител на автомобили Цитроен претстави нова модерна луксузна лимузина од серијата ДС со ознака 5ЛС Р, исклучиво наменета за кинескиот пазар.
Моторот на новата ДС лимузина е 1,6 литарски бензински мотор со вкупно 300 коњски сили, а преносот се врши преку секвенционален менувач.

Цитроен има посветено многу внимание на развојот на шасијата, сопирачките и суспензијата на новиот ДС 5ЛС Р, а во изработката на многу делови од возилото се користени карбонски влакна.
Новиот 5ЛС Р визуелно останува доследен на ДС линијата во однос на иновациите и луксузот и остава многу силен прв впечаток.
Спортскиот изглед се надополнува со 20 инчни фелни и карбонски сивата решетка ДС Вингс на предниот дел.

Внатрешноста на ДС 5ЛС Р концептот е целосно посветена на луксуз. Таа прекирена со кожа и Алкантар.
Седиштата, командната табла, горниот дел од вратите и средниот наслон за раце се украсени со бисерни делови во Кармин Ред боја.

Најновиот концептен автомобил на Цитроен се темели на автомобил од францускиот бренд наменет за кинескиот пазар и засега не е познато дали истиот ќе се најде во Европа.