2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЧелзи и Реал полуфиналисти во ЛШ

Челзи и Реал полуфиналисти во ЛШ

celzi

Екипите на Челзи и на Реал Мадрид се првите кои обезбедија место меѓу четирите најдобри во фудбалската Лига на шампиони откако беа поуспешни од своите противници во четвртфиналните пресметки.

„Сините“ од Лондон синоќа пред своите навивачи успеаја да ја анулираат предноста на Пари Сен Жермен од првиот дуел во Франција, победувајќи со 2:0 и со вкупни 3:3 одат понатаму поради гол повеќе постигнат на гостински терен.

Андре Шурле во 32.минута го постигна првиот гол, а Демба Ба во 87.минута донесе голема радост за 40-илјадната публика на „Стемфорд Бриџ“, како и за тренерот Жозе Мурињо кој истрча пола терен заедно со своите избраници да го прослави големиот успех.

Со многу среќа полуфинале обезбеди и Реал Мадрид кој во Дортмунд допатува со 3:0 од првиот натпревар, но веќе по 45 минута Борусија надополни два гола од големата негатива.

Во второто полувреме германскиот тим имаше неколку убави шанси за гол, но не успеа мечот да го одведе во продолженија и резултатот остана 2:0.

Двата погодока ги постигна Марко Ројс (24 и 37.минута).

Другите две реванш 1/4финални средби ќе се одиграат вечерва (20:45 часот). Двојките се: Атлетико Мадрид – Барселона (1:1 прв натпревар) и Баерн Минхен – Манчестер Јунајтед (1:1).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП