25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИNokia доби „амин“ и од Кина

Nokia доби „амин“ и од Кина

nokia kina1

Финската телекомуникациска компанија „Nokia“ соопшти денеска дека отстранила уште една препрека за продажбата на својата филијала за производство на мобилни телефони на американскиот софтверски гигант „Microsoft“, затоа што добила одобрение од кинеските власти.

Кинеското Министерство за трговија и се придружи на Европската комисија и на американското Министерство за правда и даде одобрение за продажба на „Nokiа“.

Продажбата на филијалата за производство на мобилни телефони на „Nokia“ е извршена во септември минатата година и е вредна 7.2 милијарди долари.

Од „Nokia“ истакнаа дека очекуваат договорот да биде реализиран во текот на овој месец.

Телекомуникациската компанија од Финска беше водечки производител на мобилни апарати, но лидерската позиција ја превземаа смартфоните со оперативниот систем „Android“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП