2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКонцептот Audi Q4 е подготвен за саемот во Пекинг

Концептот Audi Q4 е подготвен за саемот во Пекинг

audi q4

„Audi“ ги објави првите цртежи од концептната верзија на својот иден кросовер, моделот „Q4“.

Станува збор за автомобил со спортски линии со 5 врати, чиј дизајн претставува комбинација на новото „Audi TT“ и концептот „Audi Allroad Shooting Brake“, кои германскиот производител ги прикажа на саемот за автомобили во Детроит во јануари.

audi q41

Автомобилот има нагласена маска на ладилникот и масовни лакови над тркалата, а во себе ги обединува функциите на кросовер и спортско возило.

Внатрешноста исто така е дизајнирана според најновата генерација на купето „Audi TT“.

audi q42

Според неофицијални информации, „Audi“ планира продукциската верзија на пазарот да се натпреварува со неодамна претставениот „BMW X4“.

Концептот „Q4“ ќе има премиера на саемот во Пекинг, кој започнува на 20-ти април, а повеќе детали за ова возило можеме да очекуваме кога „Audi“ официјално ќе го претстави автомобилот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП