17 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИTwitter ја превзема Cover (видео)

Twitter ја превзема Cover (видео)

cover 3

Апликацијата „Cover“ и нејзиниот матичен „start-up“, кој е лансиран во октомври минатата година, досега стекнаа стотици илјадници задоволни корисници. Овој успех не остана незабележан, па од „Twitter“ одлучија да ја купат оваа компанија и во својот тим да го доведат триото кое е заслужно за популарната апликација.

„Cover“ не е ништо друго освен заменски „lock screen“ зa „Android“ уредите, кој се наоѓа на екранот на телефонот, додека уредот е заклучен, а ја прикажува иконата на апликацијата за која се претпоставува дека би можела да му биде во корист на корисникот. Апликацијата има способност да ги учи навиките на корисникот, па според контекстот на екранот ги поставува само оние икони кои во тоа време се релевантни за корисникот.

Апликацијата и натаму ќе биде достапна преку „Play Ѕtore“, но развојниот тим својата концентрација ќе ја насочи кон работата за „Twitter“, беше објавено на нивната интернет страна.

Засега и од двете компании не го објавија износот кој беше платен за оваа аквизиција.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП