19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBosch произведе 100 милиони ESP системи

Bosch произведе 100 милиони ESP системи

bosch esp

Oд 1995-та година кога започна сериското производство на „ESP“ системот, компанијата „Bosch“ испорача 100 милиони примероци од овој уред, кој од ноември 2014-та година ќе стане задолжителен дел од опремата на сите нови возила во ЕУ.

Компанијата „Bosch“ технологијата против пролизгувањето ја разви во 1995-та година и воедно е првата компанија во светот која почна со сериско производство на „ESP“ системот.

Овој систем е особено важен при возењето на лизгавите патишта, како и во случаите кога возилата пребрзо влегуваат во кривини. Програмот за електронска стабилност тогаш им помага на возачите да го задржат правецот и да избегнат незгода при пролизгувањата, кои често доведуваат до сериозни последици.

Се смета дека, по појасот, „ESP“ е најважниот систем за безбедност во автомобилот. Според истражувањата, тој може да спречи до 80 проценти од незгодите при пролизгувањето.

Од ноември 2014-та, „ESP“ повеќе нема да биде предмет на избор во ЕУ, затоа што ќе стане дел од стандардната опрема на сите новорегистрирани возила. Дури и денес 78 проценти од сите новопроизведени патнички автомобили и лесни теретни возила во Европа се опремени со „ESP“ систем, а скоро секое второ патничко возило во светот е опремено со „ESP“ систем.

Од почетокот на сериското производство во 1995-та година, па до 2010-та, компанијата „Bosch“ произвела 50 милиони „ESP“ системи, а за само четири години овој број е двојно зголемен. Тоа покажува дека „ESP“ системот се почесто станува стандарден дел од опремата на новите автомобили.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП