5 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАWindows XP oд денес нема повеќе поддршка!

Windows XP oд денес нема повеќе поддршка!

xp wind1

Тринаесет години од неговото претставување, оперативниот систем „Windows XP“ oд денеска повеќе нема техничка поддршка, што значи дека стотици милиони компјутери ширум светот ќе бидат подложени на разни безбедносни закани.

„Доколку продолжите да користите „Windows XP“ по престанувањето на техничката поддршка, вашиот компјутер се уште ќе работи, но ќе биде чувствителен на вируси и хакери“, објави „Microsoft“ на својата интернет страна.

„Поради тоа што бројни производители на софтвер и хардвер се оптимизираат според последните верзии на „Windows“, може да се случи голем број на апликации или уреди да не работат на „Windows XP““, се додава во соопштението.

„Windows XP“ беше првиот популарен оперативен систем кој „Microsoft“ го лансираше по кризата „Y2K 2001“.

Од тогаш, овој оперативен систем беше преполн со безбедносни дупки и корисниците имаат претрпено безброј надоградувања, кои ги поправаат старите проблеми.

Од утре, „Microsoft“ повеќе нема да ги нуди надоградувањата бесплатно. Затоа компанијата препорачува корисниците да ги подобрат своите оперативни системи или да купат сосема нов компјутер.

Многу големи компании му плаќаат на „Microsoft“ за одржување на компатибилноста, додека не успеат да ги заменат оперативните системи на сите компјутери.

Индивидуалните корисници и малите компаниите нема да ја имаат таа среќа.

Инаку, „XP“ е инсталиран на скоро 500 милиони компјутери ширум светот, што значи дека се наоѓа на еден од пет десктоп компјутери.

Повеќе од 95 проценти од „ATM“ банкоматите во светот имаат „XP“, па поради тоа се стравува од финансиски малверзации.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП