„Microsoft“ е пионер и во развојот на системите за автомобилите, а нивните решенија ги користеа „Ford“, „Kia“, „BMW“ и „Fiat“.
Компанијата ги покажа можностите на својот систем од следната генерација за користење на мобилните уреди во автомобилите.
Иако системот се уште е во фаза на развој, според прикажаниот концепт, интерфејсот за користење на „Windows“ во автомобилите ќе ја следи „Metro“ насоката за дизајн. Покрај познатите плочки ќе има можност и прикачување на одредени аликации и функционалности за едноставно користење. Исто така, платформата ќе биде отворена за програмерите за развој на апликации, а презентирана е и продавницата за апликации.
Системот моментално покрај развојот се тестира и на автомобилите, но нема информации кога би можел да се појави во форма на готов производ.