28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗОдложен Ford Focus RS

Одложен Ford Focus RS

ford focus rs

Најмоќната верзија на семејниот автомобил на „Ford“ нема да биде претставена во текот на 2015-та година, како што претходно беше најавено, потврди менаџментот на компанијата.

Лошата вест за љубителите на спортски автомобили пристигнува директно од првиот човек на „Ford“ за Европа, Штефен Одел. Тој во интервју за магазинот „Autocar“ изјави дека сега нема што да каже за претставувањето на новиот „Focus RS“.

Пред да ја донесат одлуката, компанијата сакаше да почека да види како на европскиот пазар ќе се покаже нивниот друг атрактивен модел, „Mustang“.

Овој модел на „Ford“ со легендарно име на европскиот пазар ќе пристигне во почетокот на 2015-та година.

Моторот кој треба да се најде под хаубата на новата генерација на „Focus RS“ би требало да биде превземен токму од „Mustang“. Станува збор за четирицилиндарски „Eco-Boost“ со зафатнина од 2.3 литри кој во „Mustang“ развива 350 ks и 406 Nm. Во „Focus“ овој мотор, според најавите, би требало да развива малку помала моќ –  околу 330 ks.

Потсетуваме на претходните извештаи во кои се наведува дека новата генерација на „Focus RS“ ќе биде достапна само во хечбек верзија со 5 врати и дека целата моќ на моторот ќе биде пренесена на предните тркала.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП