4 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИGresso Azimuth - мобилен наменет исклучиво за богатите (видео)

Gresso Azimuth – мобилен наменет исклучиво за богатите (видео)

gresso mob

Доколку со мобилниот уред сакате да се издвоите во друштвото, не барајте понатаму – „Gresso Azimuth“ е телефонот за вас, но треба да знаете дека, доколку сакате да го купите треба да одвоите значителен износ на пари.

Руската компанија „Gresso“ веќе одамна претставува екслузивни мобилни уреди, најчесто направени од благородни метали и скапоцени камења од различни видови. А сега повторно се актуелни поради тоа што го претставија својот најнов модел.

„Gresso Azimuth“ е мобилен телефон чие метално куќиште е изработено од титаниум, тастатурата е од челик, а сето заедно е разубавеното со 18 каратно злато и секој примерок е рачно изработен, барем така тврдат од компанијата.

Ова екслузивно издание на мобилниот телефон на компанијата „Gresso“ ќе чини точно 2.000 долари, а вкупно ќе бидат изработени 999 примероци.

Што се однесува до техничките карактеристики, тие се целосно ирелевантни, бидејќи со купувањето на овој уред нема да бидете среќни во тој сегмент, но станува збор за уред кој поддржува две „SIM“ картички и работи на оперативниот систем „S40“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП