2 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен Хороскоп 06.04.2014

Дневен Хороскоп 06.04.2014

horoskop1

oven1Овен (21.03 – 20.04)

Денешната работа ќе бара од вас флексибилност, подготвеност да прифатите поголема одговорност и некои промени врз кои што ќе имате влијание и контрола. Ќе бидете активни. Ќе посакате наеднаш да ги решите и завршите повеќето работни задачи.

ЉУБОВ : 4 РАБОТА : 5 ЗДРАВЈЕ: 5

 

bik1Бик (21.04 – 21.05)

Кога ги договарате работите, однапред утврдете ја цената. Во спротивно, ќе ви се случи да ја завршите работата, да ја испорачате, а дури отпосле ќе сфатите дека цената која ја нуди клиентот за вашата работа е целосно неприфатлива. На љубовен план станувате се поромантични и заљубени.

ЉУБОВ : 4 РАБОТА : 4 ЗДРАВЈЕ: 4

 

bliznaci1Близнаци (22.05 – 22.06)

Со леснотија ќе се справите во морето од информации и податоци кои треба да ги средите. Постои можност да работите на проект кој ќе вклучува поголем број на луѓе, а тимската работа ќе придонесе за квалитетот на вашиот производ и презентација. Привлекувате внимание со својот изглед.

ЉУБОВ : 5 РАБОТА : 5 ЗДРАВЈЕ: 5

 

rak1Рак (22.06 – 22.07)

Во зголемување на месечните примања или бизнис продуктивноста ќе ви помогне разгранетата мрежа на пријатели кои ќе се најдат во право време на право место и ќе ви ги пласираат потребните информација или услуги. Некому денес ќе му биде потребен вашиот совет или рамо за плачење.

ЉУБОВ : 4 РАБОТА : 4 ЗДРАВЈЕ: 4

 

lav1Лав (23.07 – 22.08)

Ќе бидете енергични, претприемачки и пргави. Денот е поволен за извршување на задачи за кои е потребна физичка подготвеност. На љубовен план ќе бидете многу страствени за постигнување на своите желби. Дури и вашиот партнер ќе ви признае дека нема многу избор

кога ќе почнете да ја наметнувате својата волја.

ЉУБОВ : 4 РАБОТА : 5 ЗДРАВЈЕ: 4

 

devica1Девица (23.08 – 22.09)

Би можело да се најдете во ситуација која ќе “мириса” на лага или неверство. Вашето искуство драматично ќе се промени доколку на спротивната страна отворено и признаете што точно имате на ум. Она што ви се чини дека е безизлезно, ќе стане минато, а заблудата ќе биде отстранета.

ЉУБОВ : 3 РАБОТА : 4 ЗДРАВЈЕ: 4

 

vaga1Вага (23.09 – 22.10)

Нагласена е важноста на комуникацијата, кратките патувања, како и вашите моќи за набљудување, кои денес ќе бидат на високо ниво. Тоа ќе ви помогне во остварувањето на амбициите и координирање со другите и нивните потреби. За разубавување на вечерта изберете добро друштво.

ЉУБОВ : 5 РАБОТА : 5 ЗДРАВЈЕ: 5

 

shkorpija1Шкорпија (23.10 – 21.11)

Можеби нема се да ви оди како што сте замислиле, но не ги губете нервите поради тоа. Единствено со прибраноста ќе успеете да најдете излез од навидум безизлезните ситуации. Ќе ви годи прошетка во природа, вечерна прошетка со пријателите …

ЉУБОВ : 3 РАБОТА : 3 ЗДРАВЈЕ : 4

 

strelec1Стрелец (22.11 – 21.12)

Во текот на целиот ден внимавајте на личните документи, средствата кои секојдневно ги користите во својата работа, и запишувајте што се треба да сработите во зададениот рок. На тој начин ќе ги спречи проблемите кои можат да произлезат како резултат на заборавеност или растеретеност. Вечерва ви е совршена за дружење.

ЉУБОВ : 4 РАБОТА : 4 ЗДРАВЈЕ: 4

 

jarec1Јарец (22.12 – 20.01)

Емоционалната сигурност и довербата во партнерот сега ви е најпотребна. Ако ви недостига тоа, ќе посегнете по љубовна освета. Ќе го збуните партнерот со своите несовесни или ладни реакции кои тој нема да знае објективно да си ги објасни.

ЉУБОВ : 3 РАБОТА : 4 ЗДРАВЈЕ: 4

 

vodolija1Водолија (21.01 – 19.02)

Можно е да се гледате со особа во која нема да бидете заљубени, но физички ќе ве привлекува. Овој тип на врска вам дури и ќе ви одговара. Нема да морате да одговарате пред никого, а сепак нема да бидете осамени. Кога ќе сакате малку нежност и разговор, ќе имате кого да повикате.

ЉУБОВ : 4 РАБОТА : 4 ЗДРАВЈЕ: 4

 

riba1Риби (20.02 – 20.03)

Интензитетот на настаните ќе ја намали вашата посветеност и концентрација, што се однесува до изразувањето на нежност и приврзаноста со партнерот. Ќе се чувствувате уморни, а токму сега ви е најпотребен одмор. Овозможете им на блиските особи поголема слобода и време, што ќе си ги посветат на себе си.

ЉУБОВ : 3 РАБОТА : 4 ЗДРАВЈЕ: 4

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП