2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИКој телефон е најиздржлив Samsung Galaxy S5, iPhone 5S или HTC One...

Кој телефон е најиздржлив Samsung Galaxy S5, iPhone 5S или HTC One ? (видео)

telefoni krsenje

Кој е најиздржливиот паметен телефон на пазарот денес? Меѓу најпопуларните водечки модели тоа изгледа е „HTC One M8“, кој ги преживеа паѓањата, кои се покажаа катастрофални за неговите конкуренти „Samsung Galaxy S5“ и „iPhone 5S“. Од „TechSmartt“ спроведоа тест пуштајќи ги трите телефони прво од висина од околу еден метар, а потоа и од височина од околу главата и дури од над главата на човек, за да видат кој од нив ќе преживее.

Првиот телефон, кој не го издржа тестот е „iPhone 5S“. Телефонот на „Apple“ се справи многу добро во слични претходни тестови (што веројатно се должи на релативно малиот екран), но кај овој тест екранот не издржа, кој се скрши уште при ослободувањето од нивото на главата. По пад од височина од над главата „Galaxy S5“ е следниот телефон кој престана да работи по фатално оштетување на екранот, додека „HTC One“ остана единствениот телефон кој продолжува да работи. Дури кога падна од висината од 3 метри „HTC“ исто така се скрши.

Значи ли тоа дека „HTC One M8“ може да се пофали со тоа дека е „најсилниот“ паметен телефон кој можете да го купите? Не! Како што забележува и човекот кој го спроведува тестот, нема како да се осигура дека телефоните паѓаат на земјата на ист начин. Во секој случај тестовите барем се забавни за гледање, а сега можете и вие да гo погледнете овој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП