2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИFacebook воведе бесплатни разговори на својот Messenger

Facebook воведе бесплатни разговори на својот Messenger

fb razgovori

Откако „Facebook“ го купи „WhatsApp“, некои се прашуваа што ќе се случи со нивната постоечка апликација за пораки. Сега стана јасно дека не треба да се грижат за неа.

Компанијата воведе новитет кој им дава опција да користат бесплатни повици со своите „Facebook“ пријатели преку „Messenger“.

Новата опција е слична на повиците кои веќе се стандард во сличните апликации, како на пример „Viber“ и „WeChat“.

Корисниците можат да ги повикуваат своите пријатели бесплатно, доколку имаат бежична конекција.

Сега кога ќе ги погледнете вашите контакти, во рамките на „Messenger“, меѓу останатите икони се појавува и икона на телефон, покрај секое име.

Кликнете на иконата и започнете разговор. Двата корисници требаат да имаат „wi-fi“ конекција за да можат да го остварат повикот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП