10 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMercedes продолжува да соборува рекорди

Mercedes продолжува да соборува рекорди

mercedes prodazba2

Германската автомобилска компанија „Mercedes“, продала во март рекордни 158.523 возила во еден месец.

Тоа е раст од 13 проценти во однос на истиот месец од минатата година, што покажува дека првиот квартал од оваа година би можел да биде најуспешниот во историјата на компанијата.

„Mercedes“, кој е најголемиот производител на луксузни автомобили во светот, за така успешната продажба може да се заблагодари на големата побарувачка на нивните нови или иновативни модели.

Директорот на одделението за продажба, Ола Каелениус, рече дека компанијата се надоврза на успехот од минатата година и дека од почетокот на јануари секој месец остварува двоцифрен раст на продажбата.

Светската продажба на моделите на „Мercedes“ се зголемува за двоцифрен број веќе девет месеци поред. Купувачите најмногу интерес покажуваат за новите модели од „сlasѕ E“ и „сlasѕ S“, како и за помалите модели, „сlasѕ A“, „B“ и „CLA“.

Побарувачката за возилата на германскиот бренд е значително голема во САД, каде продажбата е зголемена за 11 проценти или на 27.401 автомобили, како и во Кина каде е зголемена за 34 проценти на 24.937 возила.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП