25 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИLine полека го освојува светот

Line полека го освојува светот

line 30

Jапонската друштвена мрежа „Line“, која е слична на „Skype“, „Twitter“, „Facebook“ и „Instagram“, соопшти дека до 1-ви април има регистрирано околу 400 милиони корисници ширум светот.

Во Јапонија сите ученици и студенти ја користат мрежата „Line“ преку своите смартфони и таблети. Нивните родители се повеќе се принудени и самите да се регистрираат на оваа мрежа. „Line“ започна со работа во јуни 2011-та година во Јапонија и многу бргу се рашири во Азија. Сега оваа друштвена мрежа полека започна да ги освојува Европа и САД.

Бројот на корисници ја надмина бројката од 10 милиони во десет различни држави. Кон крајот на ноември минатата година беше регистриран 300-милионитиот корисник, а само четири месеци подоцна бројката е зголемена за 100 милиони. Оваа друштвена мрежа овозможува бесплатна телефонска комуникација, размена на пораки и информации.

Компанијата „Line“ е јапонска филијала на јужнокорејската компанија „NHN“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП