28 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBMW M4 кабриолет (фото+видео)

BMW M4 кабриолет (фото+видео)

bmw m4 kabrio

Само неколку месеци откако ја претстави купе верзијата, „BMW“ го лансираше и кабриолетот „M4“. Поради истите спецификации на моторите, двата модели имаат скоро идентични перформанси, но сопствениците на кабриолетот со својот автомобил ќе привлекуваат поголемо внимание благодарејќи на подвижниот покрив.

„BMW M4“ претставува шлаг на тортата на новата „Serieѕ 4“ со оглед дека овој модел најдобро ги обединува спортските карактеристики и елегантниот, луксузен изглед.

bmw m4 kabrio1

Неговиот сопственик може да ужива во опуштеното возење на класичен кабриолет, но благодарејќи на тврдиот подвижен покрив, автомобилот за миг се претвора во возило кое има типични купе линии. На тој начин, купувачот практично добива два „M“ модели во едно.

Сепак, додека покривот се подигне, нема брзо возење, затоа што оваа операција која трае 20 секунди, автомобилот несмее да се движи побрзо од 18 km/h.

bmw m4 kabrio2

Дизајнерите на „BMW“ на предниот дел на автомобилот ништо не менуваа во однос на купе верзијата, додека задниот дел е обликуван во склад со функциите за „пакување“ на покривот. Тоа резултираше со поголем поклопец на багажникот, а задната стаклена површина да биде помала.

Ентериерот исто така е ист како и кај купе верзијата, па во кабината доминираат кожни материјали, кои се на седиштата, деловите на контролната табла, централната конзола и на вратите.

bmw m4 kabrio3

Веќе споменавме дека под хаубата нема тајни – шестцилиндарски 3.0-литарски „TwinPower Turbo“, кој како и кај купе верзијата „BMW M4“ и новиот „BMW M3“, произведува 431 ks (317 Nm) и максимален вртежен момент од 550 Nm.

Од мирување до „стотка“, кабриолетот стигнува за 4.6 секунди во верзијата со стандарден мануелен шестбрзински менувач, додека овој резултат се намалува на 4.4 секунди во моделот кој е опремен со седумстепен автоматски „М“ менувач со двојно квачило. Максималната брзина е електронски ограничена на 250 km/h.

bmw m4 kabrio4

Автомобилот има активен „М“ диференцијал, специјални сопирачки и спортски управувачки систем, кои исто така се карактеристични за сите „М“ модели на баварскиот производител.

Како опција достапни се прилагодливите „М“ системи за суспензија со три режими: „Comfort“, „Sport“ и „Sport +“.

bmw m4 kabrio5

„BMW M4“ кабриолет ќе има светска премиера на саемот за автомобили во Њујорк на 16-ти април, а во продажните салони ќе се најде во текот на летото, кога ќе биде позната и неговата цена.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП