19 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИЧетири таблети на Lenovo од серијата А

Четири таблети на Lenovo од серијата А

lenovo-tablet-300x228

„Lenovo“ претстави четири нови „Android“ таблети од својата најевтина „A“ серија. Станува збор за уреди со дијагонала од 7, 8, и 10,1 инчи кои на пазарот ќе е појават во второто тромесечие од оваа година, а се претпоставува дека ќе се продаваат од 99 британски фунти.

Првиот од новите уреди ја носи ознаката „A7-30“, основен модел со „HD“ екран со дијагонала од 7 инчи и вграден четиријадрен процесор. Нешто поскап од него ќе биде моделот „A7-50“, кој е со исти спецификации, но има и предна камера од 2 мегапиксели, т.е. задна камера.

Во големината од 8 инчи ќе биде понуден новиот „Lenovo Tab A8“, кој исто така има „HD“ екран, четиријадрен процесор, како и „Dolby“ аудио систем. Овој уред ќе биде достапен во неколку различни бои. Обнова доживеа и „Lenovo Tab A10“, кој е со многу слични спецификации како и споменатите три модели, со екран од 10,1 инчи.

Се уште не се познати деталните спецификации на овие уреди, а нема информации ниту за тоа која везија на „Android“ ќе се користи во овие таблети.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП