„Cortana“, виртуелниот личен асистент за платформата „Windows Phone“, за прв пат беше претставена на конференцијата „Microsoft Build“.
Станува збор за асистент кој наликува на „Siri“, кој е базиран на „Bing“ технологијата, но е паметна и со текот на времето учи, па може уште повеќе да помогне во извршувањето на дневните обврски.
Со гласовна команда, на „Cortanа“ може да и кажете да ви закаже состанок, да повика некого или да побара било која информација.
„Cortana“, на која се работеше во изминативе две години, доаѓа со верзијата „Windows Phone 8.1“, а нејзината бета верзија најпрво ќе биде лансирана во Америка.
Инаку, „Windows Phone 8.1“ кај постоечките корисници ќе пристигне за неколку месеци, а на новите уреди веќе кон крајот на овој месец.
Што нуди „Cortana“, погледнете во промотивното видео: