28 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИОва е моделот Lumia 930 (видео)

Ова е моделот Lumia 930 (видео)

lumia 930

Претставен е смартфонот „Lumia 930“. Станува збор за интернационалното издание на моделот „Lumia Icon“ кој е достапен на американскиот пазар.

Спецификациите на уредот се импресивни и се во ранг со останатите предводници на другите производители. „OLED“ екранот има дијагонала од пет ични и резолуција од „1080p“ со „ClearBlack“ технологија.

Процесорот е од 2.2 гигахерци „Snapdragon 800“ со четири јадра, вклучена е 2 GB работна меморија, а камерата е со резолуција од 20 мегапиксели и нуди оптичка стабилизација на сликата и „ZEISS“ оптика. Куќиштето на уредот е изработено од комбинација на метал и пластика, а за снимање на звукот користи вкупно четири микрофони.

Инаку овој уред како оперативен систем ќе ја користи новата верзија на „Windows Phone“ – 8.1 и најавен е гласовен помошник во стилот на „Siri“ на „iOS“.

Се очекува испораката на овој уред на европскиот пазар да започне во текот на јуни, но засега не е позната цената по која овој смартфон ќе се продава, а се претпоставува дека ќе биде околу 600 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП