27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗChrysler повлекува 870.000 возила

Chrysler повлекува 870.000 возила

jeep jh

Koмпанијата „Chrysler“ ќе повика на вонреден сервис сопственици на околу 870.000 возила ширум светот, но најмногу од Северна Америка, поради проблеми во системот за сопирање.

Во соопштението кое го испрати компанијата се наведува дека одлуката за повлекување е донесена поради тоа што компанијата е известена за несреќа која се случила поради дефектот во системот за сопирање, но за среќа немало повредени.

Повлекувањето ги опфаќа „SUV“ моделите „Jeep Grand Cherokee“ и „Dodge Durango“ кои се произведени помеѓу 2011-та и 2014-та година.

Во САД ќе бидат повлечени 644.354 возила, во Канада 42.380, во Мексико 21.376, a на останатите светски пазари 159.685 возила.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП