2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОва е најдобрата земја за трговија

Ова е најдобрата земја за трговија

singapur-najdobra

Сингапур е земја со најдобри услови за меѓународна трговија, на второ место е Кина и треторангирана е Холандија.

Оваа листа е всушност извештај за олеснување на глобалната трговија во 2014 година на Светскиот економски форум.

Од 138 земји кои беа вклучени во листата, најлошото е пласирана Чад, а на претпоследното место се најде Венецуела, додека Јужна Кореја се квалификуваше за 136 место, како што пренесуваат белгиските медиуми.

Од земјите во регионот, најлошо рангирана на 89-то место е Србија, Босна и Херцеговина на 78-мо место, Црна Гора на 49-то место,  Хрватска на 56-то место, додека Словенија оваа година е највисока рангирана на 38-та позиција. Нашата земја е рангирана на 63 место.

Покрај водечките на листата – Сингапур и Кина, меѓу првите десет држави сè најдоа Холандија, Нов Зеланд, Финска, Велика Британија, Швајцарија, Чиле, Шведска и Германија. Белгија беше на 20-то место, а веднаш зад неа Франција на 21-во место.

Првопласираните десет земји се најдоа на тие позиции поради нивната отвореност кон меѓународниот бизнис и инвестиции, како составен дел на нивната успешна економска стратегија.

Индексот на леснотијата на тргување покажува во која мера се развиени институциите, политиката, инфраструктурата и услугите кои овозможуваат слободниот проток на стоките преку границите до дестинациите.

Индексот секоја држава ја оценува во четири категории, и тоа: Отвореност на пазарот, Царинско уредување,  Развиеност на инфраструктурата и Оперативното опкружување, земајќи ги во предвид пристапот до домашниот пазар, пристапот до странските пазари, ефикасноста и транспарентноста на Царинската управа, достапноста и квалитетот на транспортната инфраструктура и транспортните услуги, и оперативното опкружување.

Извештајот за олеснување на глобалната трговија се објавува секоја втора година од 2008 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП