26 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИСе намалува бројот на корисници на Windows XP

Се намалува бројот на корисници на Windows XP

windows xp o

Наредната недела, точно на 8-ми април компанијата „Microsoft“ официјално ќе престане со поддршка за оперативниот систем „Windows XP“, па поради тоа бројот на корисници значително почна да опаѓа.

Истражувањето на компанијата „Net Applications“ покажа дека во текот на март уделот на „XP“ опаднал на 27.7 проценти. Во февруари тој изнесувал 29 проценти, па така ова е сепак забележителен пад. Сепак, тој се уште ја држи втората позиција меѓу оперативните системи кои се наоѓаат на персоналните компјутери.

До јуни 2012-та година „Windows XP“ беше убедливо на првото место со дури 42 проценти удел на пазарот, а минатата година падна на 37 проценти, а тој тренд продолжи и во 2014-та година.

Сега суверено владее верзијата „Windows 7“ со удел од 48,77 проценти, додека на третото и четвртото место се најдоа „Windows 8“ (6,41%) и 8.1 (4,89%), a дури потоа следи „Mac OS X 10.9“ со 3,75 проценти удел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП