28 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПазарот на софтвер имал раст во 2013-та година

Пазарот на софтвер имал раст во 2013-та година

microsoft-and-oracle11

Иако веќе започна април, се уште, се се сведува на билансите поврзани за минатата година. Па така сега дознаваме дека пазарот на софтвер имал добар раст на приходите во претходната година.

Имено, приходите од софтвер на светскиот пазар за минатата година изнесувале 407 милијарди долари, што е зголемување од 4.8 проценти во однос на една година претходно кога имале 388 милијарди долари приходи, наведува „Гартнер“.

Се наведува дека софтверската индустрија и покрај повеќегодишниот циклус на транзиција својата организација ја фокусирала на своите инвестици во технологијата за поддршка на постоечката структура на системи со цел одржување на конкурентноста, додека и натаму се користат предностите на цената на „cloud“ услугата, каде доаѓа до раст и подобрување на работењето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП