Јапонската компанија Канон објави дека го задржува првото место во светот по бројот на продадени фотоапарати со заменлив објектив, 11. години по ред.
Компанијата, исто така, објави дека одбележува нова пресвртна точка во производството, бидејќи вкупната бројка на произведени Канон компактни фотоапарати и фотоапарати со заменлив објектив надминува 250 милиони примероци.
Меѓу производите што се дел од оваа значителна бројка се ЕОС 70Д, заедно со Канон технологијата Дуал Пиксел ЦМОС АФ, како и препoзнатливата серија ИХУС, составена од стилски дизајнирани компактни фотоапарати.