6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЌе останат само шест автомобилски компании?

Ќе останат само шест автомобилски компании?

2005 FORD MUSTANG

Во наредните 15 до 20 години поради радикални консолидации, од 30 големи автомобилски компании ќе останат само шест, сметаат аналитичарите на банката „Морган Стенли“.

Индустрискиот аналитичар Адам Џонас оценува дека моменталниот број на производители на светскиот пазар е неодржлив, пред се поради тоа што повеќето од нив се фоксусираат на производство на нови модели во краткорочен период, отколку на прилагодување на новите технолошки предизвици.

Аналитичарите од „Морган Стенли“ како предводник на новите трендови ја гледаат „Тесла Моторс“.

Овој производител на електрични возила покажа дека и целосно неафирмиран бренд може преку ноќ да постави правци кои и другите ќе ги следат.

Меѓу останатото се напоменува дека автомобилската индустрија и во време на најголемата криза во изминатите години се покажа како многу отпорна на промени, така да не треба да се стравува за нејзината иднина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП