27 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПоради штрајк стопирани 3.800 летови на Lufthansa

Поради штрајк стопирани 3.800 летови на Lufthansa

strajklufthansa46eg6w4

Пилотите на германската авиокомпанија „Lufthansa“ денес стапија во тридневен штрајк, поради што се откажани 3.800 летови.

Синдикатот, кој застапува околу 5.400 пилоти на „Lufthansa“, организираше тридневен штрајк барајќи да се задржи програмата за предвремено пензионирање. Компанијата повика на разговори на оваа тема.

„Наша желба е да започнеме со преговори што е можно поскоро, дури и за време на штрајкот, бидејќи мислам дека можеме да најдеме решение“, изјави денес портпаролката на „Lufthansa“ Барбара Шадлер.

Германскиот министер за транспорт Александар Добринд ги повика „Lufthansa“ и синдикатот, во корист на патниците, да пронајдат решение.

„Секој ден штрајкот негативно влијае на стотици илјади лица“, изјави Добринд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП