18 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИHP испорача 7 милиони лаптопи во првиот квартал од 2014-та

HP испорача 7 милиони лаптопи во првиот квартал од 2014-та

hp_pavilion2

Иако се уште не се објавени официјалните податоци, се вели дека компанијата „HP“ испорачала седум милиони лаптопи во првиот квартал од 2014-та година, што е милион повеќе од тоа што го очекуваа и доволно за враќање на првото место пред производителот  на лаптопи „Lenovo“.

Очекувањата говореа дека „HP“ испорача само шест милиони лаптопи, додека од друга страна „Lenovo“ би требало да испорача 6.6 милиони, но се чини дека „HP“ значително ги надмина предвидувањата на аналитичарите.

Извори во индустријата сега наведуваат дека овие бројки би можеле значително да се рефлектираат и на целата година, т.е. „HP“ да испорача повеќе од очекуваните 28 милиони примероци и да биде светскиот број еден за 2014-та година.

Сепак, во секој случај ова ќе биде пад од 9 проценти во однос на последниот квартал од минатата година кога оваа компанија испорача 7.7 милиони лаптопи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП