25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗХонда развива систем за следење на „зелен бран“

Хонда развива систем за следење на „зелен бран“

Honda_s-traffic-jams-breaking-technology

Јапонскиот производител на автомобили „Хонда“ објави детали од системот за помош на возачот, што ги следи сигналите од семафорите и дава разни известувања на возачот.

Ситемот има за цел да го намали бројот на сообраќајни несреќи на крстосниците, но и да ја намали потрошувачката на гориво и сообраќајниот метеж.

Еден од проблемите со кои возачите секојдневно се сретнуваат е неможноста да се фати зелен бран.

Ситемот на Хонда при приближувањето до крстосница има задача да ја сними ситуацијата и на возачот да испрати информации за брзината на движење што ќе му овозможи да мине без запирање.

Доколку таа брзина е над дозволената, системот ќе испрати известување возачот да ја ослободи педалата за гас и да го запре возилото.

Откако ќе запре, системот го одбројува времето до палење на зелено светло.

Хонда овој систем најпрво ќе го тестира во Јапонија во април со задача да утврди колку заштеда на гориво обезбедува, колку помага во зголемување на безбедноста и намалување на сообраќајниот метеж.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП