2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИКога и што да очекуваме од Nexus 6?

Кога и што да очекуваме од Nexus 6?

nexus 6 nov

Интернет гигантот „Google“ се уште не ги обелодени официјалните планови за новата, 6-та верзија на популарниот смартфон „Nexus“, но експертите веќе почнуваат да ги претставуваат своите очекувања.

Според аналитичарите моделот ќе биде претставен по конференцијата за програмери на „Google“ на 24-ти јуни или почетокот на јули. Се очекува „Nexus“ да се натпреварува со моделите „Samsung Galaxy S5“ и „HTC One“, ако биде претставен во текот на летото или да се насочи кон конкуренција со „iPhone 6“, ако неговиот датум за премиера биде одложен за октомври.

Експерите велат дека моделот ќе се одликува со две верзии на екранот – 5.2 -инчен „fullHD“, како и заоблен „LCD“ дисплеј со „горила стакло“. Моделот исто така се очекува да биде тенок и лесен. Процесорот најверојатно ќе е 64- битен од серијата 800 на „Snapdragon“, а се очекува смартфонот да има 3 GB RAM меморија. Најверојатно последната верзија на „Nexus“ ќе е со следната генерација на оперативниот систем „Android“, позната како „Lollypop“.

Се очекува смартфонот да се пофали со 13-мегапикселна задна камера, како и 5 мегапикселна предна камера. Според други извори можно е да видиме 16 – мегапикселна камера, слична на онаа во „Samsung Galaxy S5“. Во однос на внатрешната меморија се очекува да има три варијанти на моделот – 32/64/128 гигабајти. Во однос на поврзаноста најверојатно ќе располага со стандардите „Bluetooth“, „NFC“, „Micro – USB“, „Wi- Fi“ и „4G“. Кога станува збор за цената, се очекува овој модел да чини околу 400 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП