2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИJapan Display подготви 5.5 инчен екран, дали е за новиот iPhone 6?

Japan Display подготви 5.5 инчен екран, дали е за новиот iPhone 6?

japan display

Компанијата „Japan Display“ се пофали со своето ново достигнувње, тие успеале да произведат нов екран за вградување во мобилните телефони, кој е наменет само за врвните уреди. Станува збор за екран со дијагонала од 5.5 инчи, 1.440 x 2.560 пиксели, изработен во „TFT LCD“ технологија и густина на пикселите од дури 538 „PPI“.

Првите испораки на овој екран се планирани за април, па првите телефони кои ќе го користат би можеле на пазарот да се појават во втората половина од годината.

Ова како да се совпаѓа со очекуваното лансирање на „iPhone 6“, затоа што и самиот „Japan Display“ го снабдува „Apple“ со екрани, а ова претставување дополнително ги разгори гласините за новиот модел на „iPhone“.

Од компанијата не сакаа да ги коментираат овие информации, ниту пак алудираа дека токму овој екран би можел да биде искористен во идниот смартфон на „Apple“, како што многумина шпекулираат.

Најверојатно, како што велат други извори, овој 5.5 инчeн „UltraHD“ екран ќе заврши кај некој од кинеските производители.

japan display1

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП