30 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗАстон Мартин планира нов SUV во соработка со Дајмлер

Астон Мартин планира нов SUV во соработка со Дајмлер

astonmartinv8v

„Астон Мартин“ и „Дајмлер“ најверојатно преговараат за заеднички проект за изработка на „SUV“ под логото на британскиот бренд со кој ќе се обидат да се наметнат на еден од најновите и најразвиените сегменти во индустријата.

Уште во минатата година „ Дајмлер“ купи 5 проценти од акциите на „Астон Мартин“ во договорот за размена на технологиите во кои рамки „Mercedes AMG“ ќе ги прави „V8“ моторите за новите модели на британскиот производител.

Најновите информации сега сугерираат дека двете компании би можеле дополнително да го развиваат работењето со производство на заеднички „SUV“, a засега само се знае дека плановите се во почетна фаза и дека автомобилот неможе да се очекува пред 2017-та година.

„Астон Мартин“ е еден од глобалните авто-производители кој не припаѓа на некоја поголема групација, а во наредниот период имаат амбициозен план да вложат преку 500 милиони евра и да конкурираат на своите богати ривали.

Се повеќе луксузни производители како што се „Масерати“, „Бентли“ и „Ламбурџини“ развиваат „SUV“ модели, па не е големо изненадувње и британската компанија да посакува свој удел на пазарот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП