7 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКрај на шпекулациите, BMW ги потврди моделите Х7 и Х5 Plug-in Hybrid

Крај на шпекулациите, BMW ги потврди моделите Х7 и Х5 Plug-in Hybrid

bmw e drive

Најавите дека „BMW“ во својот погон во Спартанбург во Северна Каролина ќе го произведува новиот топ „SUV“ модел „X7“ – официјално се потврдени од германската компанија.

„BMW“ има намера во американската фабрика да инвестира милијарда долари (oколу 727 милиони евра), па така до крајот на 2016-та година да го зголеми годишното производство во тој погон од 300.000 на 450.000 возила.

Покрај плановите за производство на моделот „X7“, „BMW“ објави дека во истата фабрика наскоро ќе започне изработката на сериската верзија „BMW X5 Plug-in Hybrid“.

Овој модел ќе биде основан на концептот „X5 eDrive“, кој беше претставен на саемот во Франкфурт во 2013-та. „BMW X5 Plug-in Hybrid“ најверојатно ќе добие погон од четирицилиндарскиот „TwinPower Turbo“ бензински мотор кој ќе биде помогнат од електромотор и ќе има „xDrive“ погон на сите четири тркала.

„BMW“ при претставувањето на концептната верзија соопшти дека тој автомобил просечно ќе троши околу 3,8 l/100 km и дека ќе може да помине до 30 километри користејќи само електричен погон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП