
Откако го претстави својот премиум смартфон, моделот „HTC One M8“, тајванската компанија претстави уште еден „Android“ паметен телефон.


Откако го претстави својот премиум смартфон, моделот „HTC One M8“, тајванската компанија претстави уште еден „Android“ паметен телефон.
Станува збор за смартфон од пониската класа – „Desire 316“.
Овој уред моментално е присутен во Кина, но засега не е познато кога смартфонот ќе се најде на останатите пазари, како и по која цена.
Новиот паметен телефон има 5-инчен екран со „qHD“ (960×540) резолуција, а работи на оперативниот систем „Android 4.3 Jelly Bean“.
Кога се во прашање спецификациите, овој смартфон доаѓа со 1,2 GHz quad-core процесор (Snapdragon 200), 512 MB RAM и 4 GB интерна меморија, слот за „microSD“ картичка, камера од 5 мегапиксели, „Wi-Fi“, „Bluetooth“ и батерија од 1950 mAh.