30 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИPono досега собра 5 милиони долари

Pono досега собра 5 милиони долари

pono neil young

„Pono“ бележи уште еден успех. Тоа е музичкиот уред кој во јавноста го претстави Нил Јанг и со кој сака да донесе квалитетна репродукција на музика за широката маса. Моментално се уште трае неговата долгоочекувана кампања на „Kickstarter“ во која музичарот постави финансиска цел од 800.000  долари за пласирање на својот уред на пазарот.

На 15 дена пред крајот на кампањата собраниот износ надмина 5 милиони долари, т.е. со тоа овој проект влезе во топ 5 досега најуспешните проекти на „Kickstarter“. Моментално овој уред се наоѓа на четвртото место, а доколку продолжи вака многу бргу ќе се искачи и на третото место, зад „Pebble“ (10,2 милиони) и конзолата „OUYA“ (8,6 милиони).

Веќе се продадени 12.000 уреди по цена од 300 долари или повеќе. Производството ќе започне веднаш по кампањата на „Kickstarter“, а првите испораки на уредот се очекуваат во октомври.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП