2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЧетвртфинале за Металург во Лигата на шампионите

Четвртфинале за Металург во Лигата на шампионите

metalurg-radost

Македонскиот вице-првак Металург по втор пат едно по друго обезбеди пласман во четвртфиналето на ракометната Лига на шампиони.

Металург и во вториот дуел од осминафиналето славеше победа против Колдинг на гостувањето во Данска со 30:26.

Уште еднаш тимот од Автокоманда го демонстрира врвниот европски квалитет и од самиот почеток па се до крајот го контролираше резултатот во своја полза.

Ренато Вугринец со 10 голови одново беше најдобар стрелец во редовите на Металург, а Павел Атман постигна 9 погодоци.

Металург сега е во друштво на Барселона, Фленсбург и Ветспрем екипи кои вчера го обезбедија своето учество во четвртфиналето.

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП