18 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСкоро секој модел на Audi ќе добие RS верзија

Скоро секој модел на Audi ќе добие RS верзија

AudiRS5-details-11

Шефот на „Audi“ за технолошки развој, др. Улрих Хакенберг потврди дека компанијата има во план „RS“ верзија на скоро секој модел во нивната гама. И покрај тоа што не е ништо официјално, следниот „RS“ модел би можел да биде „RS3“.

Хакенберг исто така откри дека втората генерација на „MLB“ платформата, наречена „MLB Evo“ ќе дебитира во рамките на следната генерација на моделот „Q7“. Ова возило би требало да биде значително полесно од својот претходник и се очекува да се појави на пазарот до крајот на наредната година.

Тој исто така ги потврди и плановите за новата фамилија на мотори на компанијата. Хакенберг несакаше да истакне некои специфични детали, но рече дека моторите ќе бидат заеднички развиени во соработка меѓу „Audi“ и „Porsche“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП