1 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАСовети на Google за сигурна лозинка

Совети на Google за сигурна лозинка

soveti pass

Лозинките се клучот кон личните информации на секој интернет корисник. Покрај континуираните апели на експертите и компаниите, повеќето корисници продолжуваат да ја потценуваат важноста на добрата лозинка.

Дури и интернет гигантот „Google“ има испратено свои препораки за тоа како секој може да си направи добра лозинка. Советите на оваа компанијата веројатно на многумина ќе им помогнат во безбедноста на нивните сметки.

Прво, „Google“ советува секоја сметка да има различна лозинка. Особено кога станува збор за важни сметки, пример како онлајн банкарство. Тогаш најдобро е секој профил да има радикално поинаква лозинка, која целосно се разликува од типичните кои корисникот ги користи.

Добар пример за создавање на силна лозинка е да се измисли некоја произволна фраза. Пример: ilovetoplayonlinegames. Уште подобра варијанта е во истата лозинка буквите да се претворат во бројки, да се користат мали и големи букви и други симболи. Така на пример истата лозинка може да стекне во следнава форма: 1l0VEt0p1aY0N1n3GaM3z.

Не е добра идеја во лозинките да се користи лични информации или често употребувани зборови. Треба да се избегнува употребата на лични имиња, роденденски датуми, телефонски броеви, како и најчестите „password“, 12345 и други.

Дури и да се создаде многу силна лозинка, има и други начини за нејзино разоткривање. Пример преку полето „заборавена лозинка“. Затоа останатите безбедносни карактеристики на секоја сметка треба исто така да се на добро ниво. Најлесен начин за тоа е прашањето за безбедност, во кое обично се прашува за некои лични информации, да се запише некој случаен одговор.

Најдобрата лозинка, сепак не е вечна. Хакерите имаат различни методи за нивно разотркивање. Откако ќе ја откријат лозинката, обично тие не ја менуваат и продолжуваат да влегуваат во сметката без корисникот да дознае. Затоа, најдобро е на одредено време таа да се менува.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП