30 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBMW X7 пристигнува во 2017-та

BMW X7 пристигнува во 2017-та

ilustracija x7

По претставувањето на „BMW X4“ и шпекулациите за можниот развој на моделот „Х2“, во автомобилските медиуми се повеќе внимание се посветува на моделот „Х7“ кој ќе го заземе врвот во гамата на „SUV“ возила на баварскиот производител.

Иако за тоа се уште нема официјална потврда од „BMW“, „Automotive News“ дознава дека најголемиот „SUV“ на оваа компанија ќе биде лансиран во 2017-та или 2018-та година и ќе се произведува во САД во фабриката во Спартанбург.

Во овие погони веќе се изработуваат моделите „X3“, „X4“, „X5“ и „X6“, a со оглед дека северноамериканскиот пазар ќе биде примарен за пласман на моделот „X7“, oваа фабрика е сосема логичен избор за место за производство на најголемиот „SUV“ на „BMW“. Се очекува годишното производство да достигне 50.000 единици и поради тоа вкупниот капацитет на фабриката ќе биде зголемен на 400.000 возила.

Со оглед на најавата дека „BMW“ бројот на свои платформи во иднина ќе го сведе само на две, „X7“ ќе биде поставен на поголемата од нив и ќе ја дели со другите големи модели на германскиот производител, како следната генерација на сериите „5“ и „7“ и кросоверите „X5“ и „X6“.

Кога ќе пристигне на пазарот, „BMW X7“ ќе биде главен ривал на „Mercedes GL“, a во САД и на моделите „Lincoln Navigator“ и „Cadillac Escalade“. Исто како и споменатите модели, се очекува и ова возило да има три реда седишта.

Како што пишува „Automotive News“, „BMW“ првите детали за моделот „X7“ би требало да ги објави наскоро.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП