Цените на акциите на Wall Street се намалија, иако се зголеми оптимизмот врз основа на податоците за растот на американската економија, но падот на пазарите на недвижности и руско – украинските тензии доведоа до намалување на берзанските индекси.

Dow Jones се намали за 0.03%, S&P 500 индексот се спушти за 0.19%, а Nasdaq индексот падна за 0.54%.
Продажбата на куќи во САД во февруари се намалила за 0.8%, додека се очекуваше раст за 0.3%, по падот од 0.2% во јануари.
Американската економија се прошири во четвртиот квартал по стапка од 2.6%, а очекувањата беа нејзино зголемување за 2.7%, по предходниот скок од 4.1% во предходниот квартал.
Податоците исто така покажаа зголемување на личната потрошувачка за 3.3% во текот на четвртиот квартал, а предвидувањата беа нејзино зголемување за 2.8%.
На пазарите преовладува неизвесност поради зголемување на санкциите од страна на САД кон Русија, потег кој би можел да ја загрози руската економија, а тоа сигурно негативно ќе влијае и на глобалниот економски раст.
Европските акции пораснаа поради шпекулациите дека Европската Централна Банка ќе спроведе дополнителни стимулативни мерки за поддршка на економијата.
Euro Stoxx 50 се зголеми за 0.61%, францускиот CAC 40 зајакна за 0.43%, лондонскиот FTSE 100 се искачи за 0.10%, додека германскиот DAX 30 беше повисок за 0.75%.