28 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНаскоро пристигнуваат HTC One Mini и мистериозниот M8 Ace?

Наскоро пристигнуваат HTC One Mini и мистериозниот M8 Ace?

htc ilustracija1

Судејќи според неофицијалните информации кои се појавија на интернет, се чини дека „HTC“ не планира да застане по претставувањето на новата генерација на моделот „HTC Onе“ (M8).

Според нив најавено е пристигнување на моделот „HTC One Mini“ кој би требало да поседува процесор „Snapdragon 400“, 4.5-инчен 720p екран и 1GB RAM.

Но сега се споменува и друг уред под името „HTC Ace“.

Иако се уште не е познато за што станува збор, најверојатно ќе биде една од двете работи или фаблет, како постоечкиот модел „HTC One Max“ или таблет, нешто од што „HTC“ во последно време се дистанцираше.

Меѓутоа, тука се и извештаите кои говорат дека „HTC“ би требало да го објави новиот „Nexus“ таблет кон крајот на годината, а ова би можел да биде таблет според кој следниот „Nexus“ би можел да биде базиран.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП