
Индиска група инженери претставија прстен што служи како контролор на сите „паметни“ уреди, претворајќи ја дланката во далечински управувач.


Индиска група инженери претставија прстен што служи како контролор на сите „паметни“ уреди, претворајќи ја дланката во далечински управувач.
ФИН се поврзува со останатите уреди преку блутут врска и се носи на палецеот како прстен.
Уредот ги следи движењата на раката на корисникот и врз основа на нив „имитира“ команди.
Уредот може да се користи како далечински управувач за телевизор, смартфон, таблет или за контролирање на аудио и навигацискиот систем во автомобилот.