2 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Феjсбук“ најавува интернет преку ласери, сателити и беспилотни авиони

„Феjсбук“ најавува интернет преку ласери, сателити и беспилотни авиони

facebok

Компанијата „Фејсбук“ соопшти дека формирала екипа што ќе бара нови начини за испорачување на интернет услуги во регионите што се уште немаат достап до оваа светски позната мрежа, искористувајќи ласери, беспилотни авиони и сателити.

– Работиме на изнаоѓање средства за испорачување на интернет од небето, објасни основачот на „Фејсбук“, Марк Цукерберг во сооопштение објавено на неговата мрежа.

Целта на „Фејсбук“ е да се испорача интернет на две третини од населението во светот, кое не располага со достап до мрежата пред се во заостанатите или слабо развените региони.

Членови на екипата се експерти на НАСА и петмина вработени во британската компанија „Асента“, специјализирана за производство на авиони на сончева енергија, што се способни да минуваат големи растојанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП