30 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИTwitter додава нови функции

Twitter додава нови функции

twitter-update

„Twitter“ во средата најави два нови додатоци на својата платформа, меѓу кои е функцијата за означувње на фотографиите, како и можноста за прикачување до четири слики на еден „твит“.

Според информациите од „Twitter“, сега корисниците можат да означат до десет луѓе на една прикачена фотографија на „твит“ без влијанието на 140 карактери. Нормално, корисниците ќе добијат известување кога ќе бидат означени на некоја фотографија, иако тоа може да се прилагоди во подесувањата.

Можеби и покорисна функција за многу корисници е можноста да прикачат и до четири фотографии на „твит“. Кога се прикачуваат повеќе фотографии, апликацијата автоматски ги распределува во колаж од мрежен тип, кој може да се гледа со полн квалитет користејќи „tap-and-swipe“.

Како што велат од „Twitter“, овие две функции ќе бидат објавени за корисниците на „iPhone“, денеска, а пак поддршката за „Android“ и „Twitter.com“ ќе пристигне наскоро.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП